Главниот мебел во дневната се троседот, фотелји, столици, ниска масичка, столици, библиотека. Во некои дневни има и огниште. Некои дневни може да се поврзани директно со кујната.
Подовите се избираат така што можат да се одржуваат и чистат лесно – плочки, ламинат под, штици или паркет. Поради релативно големите димензии на просторијата за ѕидовите се избираат големи слики. По можност најдобри се неутралните бои на ѕидовите и мебелот, иако сето тоа зависи од индивидуалниот вкус и стил на сопствениците. За декорација може да се користат различни вазни, статуетки или други семејни предмети.
Во одделни случаи кујната, дневната и трпезаријата се оформени како одделен функционален јазол на оваа просторија. Во некои земји во светот освен дневна, постои и друга наречена фамилијарна соба, која ги има речиси истите карактеристики, но е првенствено за употреба од страна на семејството, додека дневната е за пречек на гости.
Living Room, Interior, design, decoration
80